@Café
Bristot одбира зрна исклучиво од најдобрите плантажи за кафе, со цел да им го овозможи на конзументите незаборавното искуство на вистинското италијанско еспресо - совршено за сечиј вкус. Дозволете да бидете обземени од аромите при секоја голтка кафе!
Bristot одбира зрна исклучиво од најдобрите плантажи за кафе, со цел да им го овозможи на конзументите незаборавното искуство на вистинското италијанско еспресо - совршено за сечиј вкус. Дозволете да бидете обземени од аромите при секоја голтка кафе!
Секоја шоља кафе на caffe Vescovi потекнува од приказна која започна во Падова 1927 година, кога младиот Gino Vescovi живееше за остварување на неговиот сон, да создаде совршена мешавина на еспресо кафе. Со сето негово искуство и знаење, создаден е блендот Vescovi 100% Arabica кој е нагарден со златен медал на кафе саемот во Лондон во 1933 година. Неговата визија и страст живее и денес и на нашите клиенти им нудиме можност да уживаат во супериорниот квалитет на caffe Vescovi.
Bristot
Bean To Cup
Bristot Bean to Cup е многу добро избалансирана мешавина на зрна кафе од арабика и робуста, која гарантира интензивно еспресо со совршена крема. За енергични утра, Bristot ви нуди ароматично кафе, со вкус на чоколадо и лешници.
Bristot
Buongusto
Најквалитетна арабика со избрана најквалитетна робуста му дава на овој бленд богато и полно тело со интезивна арома. Бленд составен од бразилската арабика NY2 Fancy со сладок и нежен вкус соединета со натурална робуста од Африка, Виетнам и Индија, која дава кафеава крема и богато и полно тело.
Bristot
Speciale
Со својот интезивен вкус и крема Speciale претставува пријатна рамнотежа на бразилската арабика од областа Gerrado соединета со најквалитетните арабики од Централна Америка кои му даваат на овој бленд ноти на цитрон со изразен чоколаден after-taste и траги на печен леб. Истовремено, бразилската арабика NY2 Fancy на Speciale му дава сладок и нежен вкус.
Потврда за врвниот квалитет на овој бленд претставува фактот што арабиките од Централна Америка потекнуваат од најквалитетните плантажи кои се наоѓаат на надморска висина над 1.500 метри, а селектираната првокласна робуста е со потекло од Африка, Виетнам и Индија.
Bristot
Rainforest 100% Arabica
Bristot Rainforest 100% Arabica е луксузно високо-квалитетно кафе со богато и полно тело со неодолива арома на свежо цвеќе, цитрон и траги на ванила. Вистинско италијанско еспресо со овошен вкус и чоколаден after-taste.
Потекло: Rainforest Alliance Certified™Plantations.
100% Arabica Rainforest e совршена рамнотежа на природата. Зрната на кафе потекнуваат исклучиво од плантажите во Јужна и Средна Америка кои поседуваат Сертификат од Rainforest Alliance. Rainforest Alliance е глобална непрофитабилна организација чија основна цел е почитување на правата на работниците и заштита на природните ресурси на планетата Земја.
Bristot
Tiziano
Bristot Tiziano е еспресо кафе со супериорен квалитет и префинет ароматичен вкус. Изненадувачки добро избалансирана мешавина која се одликува со рафинирана и интензивна арома со полно тело, овошни ноти и чоколаден after-taste. Потекло на зрната: бразилска и централноамериканска Grand Cru арабика, збогатена со индиска робуста од регионот Parchment.
Bristot
Sublime 100% Arabica
Bristot Sublime 100% Arabica е еспресо кафе со супериорен квалитет, со арома на какао и тутун и чоколаден after-taste.
Потеклото на зрната: Карибите, Централна Америка и Бразил.
Bristot
Bio 100% Organic coffee
Bristot Bio е 100% органско кафе, a органското одгледување му гарантира на потрошувачот високо квалитетен производ. Органскиот сертификат на Bristot Bio 100% Organic coffee гарантира дека кафето се одгледува без употреба на хемиски ѓубрива или пестициди со цел да се спречи загадувањето на почвата, водата и воздухот. Bristot Bio е уникатно и 100% органско кафе печено и ладено на чист Доломитски воздух во подножјето на Доломитските Алпи, Зрната кафе потекнуваат исклучиво од контролирани и сертифицирани планатажи, а новото хартиено пакување е специјално дизајнирано за да ја одржи интезивната овошна арома на блендот од Централна Америка и Индија.
Bristot
Tiziano 1919 Riserva
Совршеноста на ова кафе зависи од потеклото на билката. Квалитетот и биолошкиот состав на зеленото зрно се под влијание на многу фактори: надморска висина, клима, плодност на почва како и методи на берење и начин на одгледување на зрното. Како резултат на тоа, одбрани се исклучиво најквалитетните зрна од различно потекло за да се добие престижен совршен спој за првпат создаден од големиот Domenico Bristot. Bristot Tiziano 1919 Riserva е луксузно ексклузивно кафе, се одликува со иновативен метод на пакување кој придонесува за целокупна совршеност и со ограничено производство. Веднаш по процесот на печење се започнува пакувањето на кафето во лименка од 2 кг. во заштитна атмосфера. Овој процес овозможува кафето да созрева во модифицирана атмосфера во која аромата постојано се развива и подобрува. Како маслото станува побогато и аромата се подобрува така овие карактеристики подоцна се пресликуваат во шољата со кафе. Резултатот е богато и избалансирано еспресо со полно тело, одлична киселост и ноти на темно какaо и цитрон.
Bristot
Classico Intenso
Bristot Classico Intenso е добро избалансирана мешавина на зрна кафе од арабика и робуста, која гарантира интензивно еспресо со совршена крема. Тоа е ароматично кафе, со вкус на чоколадо и лешници.
Bristot
Premium Vending
Bristot Premium Vending е нежна мешавина на зрна кафе од арабика и робуста. Тоа е кафе со арома на лешник, печен леб и карамела, со мека киселост и чоколаден after-taste.
Deorsola Gran Lusso 1000 гр. зрно
Deorsola Gran Lusso е совршена мешавина од зрна арабика од Бразил, Колумбија и Доминиканската Република во комбинација со индиска робуста од регионот Parchment. Вистинско италијанско еспресо со овошна арома, елегантна киселост на црвени бобинки и ноти на темно чоколадо.
Bristot
Cioccobon црно топло чоколадо 1000 гр
Bristot Cioccobon црно топло чоколадо претставува спој на најдобрите какао зрна кои се користат за да му се даде на ова чоколадо уникатен и суптилен вкус со интензивна арома. Производот не содржи ГМО и не се добива од сировини кои содржат или потекнуваат од ГМО.
Подготовка: Во мал сад за варење додадете 25 гр. од чоколадниот прав и додајте 100-120 мл. млеко. Мешајте за да се изедначи смесата. Потоа на тивок оган мешајте се додека не се добие посакуваната густина.
Состав: шеќер, пченкарно брашно, какао во прав, арома, сол. Може да содржи траги од глутен.
Bristot
Cioccobon бело топло чоколадо 100гр
Bristot Cioccobon бело топло чоколадо претставува спој на најдобрите какао зрна кои се користат со цел да му дадат на ова чоколадо уникатен и суптилен вкус со интензивна арома. Производот не содржи ГМО и не се добива од сировини кои содржат или потекнуваат од ГМО.
Подготовка: Во мал сад за варење додадете 25 гр. од чоколадниот прав и додајте 100-120 мл. млеко. Мешајте за да се изедначи смесата. Потоа на тивок оган мешајте се додека не се добие посакуваната густина.
Состав: шеќер, пченкарно брашно, какао путер во прав, обeзмастено млеко во прав, згуснувач Е412, стабилизатор Е450 антиоксиданси Е304, Е307, ароми, ванила, сол. Содржи млеко; може да содржи трагови на глутен.
Brazil
Alta Mogiana е една од најпознатите региони во светот каде се одгледува кафе со највисок можен квалитет, препознатливо по уникатниот сладок вкус и неверојатно добро избалансирана киселост. Тоа е кафе со извонредно тело со ноти на лешник и чоколадо надополнето со умерена добро избалансирана киселост.
Ethiopia
Sidamo е регион во Етиопија кој се наоѓа на 1900 метри надморска висина опкружен со савани и езера. Бидејќи лежи на богато вулканско тло овој регион е идеален за одгледување на најквалитетна арабика која рачно се бере и се обработува на традиционален начин. Тоа е кафе со богато тело, со интезивен мирис на цвеќе и овошје, пред се мирис на јасмин, лимун и бергамот.
Bristot Columbia
Регионот Huila е област во Колумбија на голема надморска височина, а вулканската почва и неколкуте микроклими, придонесуваат да се одгледува високо-квалитетното кафе. Тоа е кафе со блага киселост со сочни вкусови слични на црвени бобинки во комбинација со карамела after-taste.
Vescovi
5 Stars 1000 гр
Бленд кој се состои од најквалитетна арабика со потекло од Бразил и Ценрална Америка, а допирот со индиската робуста од регионот Parchment Kaapi Royale во близина на планините на Karnataka на надморска висина помеѓу 800 и 1200 метри ги потенцира аромите на арабика и овозможува да се создаде крема за незаборавно уживање во вистинско италијанско еспресо. Резултатот е богато и избалансирано еспресо со полно тело, одлична киселост со ноти на темно чоколадо и лешник.
Vescovi
100% Arabica 1000 гр
Vescovi Grani D’Oro 100% Arabica e совршена рамнотежа на природата. Зрната кафе потекнуваат од Бразил, Средна Америка и Карибите, а допирот со арабиката од Гватемала од регионот Huehuetenango допринесува да се добие еден уникатен вкус и незаборавно доживување. Резултатот е богато и избалансирано еспресо со полно тело, одлична киселост и ноти на какaо, лешник и цитрон.
Vescovi
Organic Coffee 1000 гр
Vescovi Organic Coffee 1000 гр е еспресо кафе со супериорен квалитет, а органското одгледување му гарантира на потрошувачот високо-квалитетен производ кој произлегува од неговите исклучителни органолептички својства. Оваа природна еволуција која се одвива во сенката на бујната шума е идеално живеалиште на растенијата, а растителниот свет го прави овој витален придонес со цел да го одржи во живот еко-системот Органскиот сертификат на Vescovi Organic Coffee гарантира дека кафето се одгледува без употреба на хемиски ѓубрива и пестициди со цел да се спречи загадувањето на почвата, водата и воздухот. Зрната кафе потекнуваат исклучиво од контролирани и сертифицирани планатажи.
Vescovi
100% Arabica 250 гр
Потекло на зрната: Бразил Alta Mogiana, Гватемала Huehuetenango, Колумбија Huila, збогатени со индиска арабика. Резултатот на ова кафе е исклучително богат и ароматичен со ноти на чоколадо, кедар и овошни нијанси.
Vescovi
Espresso Intenso 250 гр
Бавното печење на зрната кафе на овој бленд ги нагласува мирисите на најквалитетната бразилска арабика од Alta Mogiana и индиската арабика, а допирот со 10% индиска робуста од регионот Parchment му дава на кафето ароматични ноти и овозможува да уживате во вистинско италијанско еспресо
Vescovi
Moka Crema 250 гр
Одлично избалансиран бленд од бразилска арабика Santos Cerrado, збогатена со индиска арабика и со мал процент на индиска робуста од регионот Parchment и може да се користи за подготовка на еспресо, moka, филтер кафе и French press. Оваа мешавина овозможува кафето да има интезивна арома и сладок вкус, со присуство на ноти на темно чоколадо.