Повеќе од 100 години историја, а ние се чувствуваме млади како никогаш досега. Затоа кафе Bristot одлучи да ги преуреди боите и дизајнот во нов модерен стил. Стилот на Bristot се менува во нешто поелоквентно, порафинирано, за да го направи ритуалот на пиење кафе вистинско уникатно искуство.

Да се сретнете со старите пријатели или да запознаете нови, да споделите моменти или едноставно да направите пауза во размислувањето, па дури и само еден поглед преку страниците на книгата која ја читате опкружени со звуците на трацкање на шољите и разговорот меѓу луѓето.

A coffee to say ciao
“CIAO”- бидејќи е најпопуларниот италијански збор насекаде во светот.
“CIAO”- за да направиме секогаш да се чувствувате како дома.
“CIAO”- да го промовираме кафето како шанса да останете заедно – едно старо античко социјално искуство но сеуште актуелно.

ПОБЛИСКУ ДО СВЕТОТ

Bristot сака да ги донесе потрошувачите поблиску до него, да ги покани да влезат во неговите кафетерии и да пробаат нешто ново.

Фокусирањето на вниманието до најситниот детал и на секој избран материјал е круцијален дел и означува дека ако одберете Bristot сте одбрале квалитет.

Покана за насмевка

Во секоја идна кафетерија на Bristot на секој потрошувач ќе му биде пренесена порака, покана за насмевка за да се чувствува како дел од магичното место каде сешто може да се случи.

Стилот на Bristot

Иновативните материјали, новите бои и дизајн го придружуваат секое кафе на Bristot креирајќи топла и љубезна атмосфера.