
Во Фиренца, во прекрасниот амбиент на Marzocco’s Accademia del Caffè Espresso за време на презентацијата на второто издание на „Guida dei Caffè e delle Torrefazioni d’Italia“,нашиот бренд caffe Bristot беше награден за "Roastery of the Year".

Наградата беше доделена за високата вредност на нашата палета на производи, која вклучува референци со високо сензорно влијание, како и сложена и фасцинантна понуда на производи во однос на потеклото, сертифицираните плантажи и составот на мешавината на зрната кафе.
Исто така caffe Bristot доби награди и во следните категории на производи:
- AWARD ESPRESSO CATEGORY – BRISTOT TIZIANO 1919 RISERVA: наградена за неговиот избалансиран вкус и пријатно фина текстура.

- AWARD MOKA CATEGORY: доделена за нејзината супериорна слаткост и завршен after-taste.
- AWARD SINGLE SERVE CATEGORY – LUNGO AMERICANO: доделена поради тоа што е кафе со уникатен и комплексен карактер.