The Italian espresso par excellence

За нас

Суштината на „Bristot“

Вештина за правење на перфектно еспресо

Филозофијата на Bristot е основа на се што правиме уште од 1919 година кога Доменико Бристот, основачот на фабриката за печење кафе живееше за остварување на неговиот сон – создавање на кафе со врвен квалитет и бренд кој ќе создаде совршено италијанско еспресо.

Благодарение на оваа филозофија, вредностите на квалитет и совршеноста станаа синоним за нашиот бренд.

Денес, со сето тоа искуство и страст им нудиме на нашите клиенти можност да уживаат во секојдневниот момент на луксуз: прекрасно еспресо со супериорен квалитет.

Експертите на Bristot ги селектираат исклучиво најдобрите зрна кафе за да се понуди вистинско италијанско еспресо со неверојатен квалитет, совршено за различни вкусови и потреби. Дозволете аромата и вкусот да Ве пренесат во еден волшебен свет.

Совршена варијација

на различни вкусови и потреби

Single Origin

  • Santo Domingo
  • Brasil
  • India
  • Ethiopia
  • Indonesia

Horeca

  • Bristot Sublime 100% Arabica
  • Tiziano 1919 Riserva Domenico Bristot
  • Buongusto
  • Bio 100% Organic coffee
  • Bristot Rainforest 100% Arabica
  • Cioccobon - црно топло чоколадо
  • Cioccobon - бело топло чоколадо
  • Bristot Speciale

Малопродажба

  • Espresso (Linea Diamante)
  • Arabica 100% (Linea Diamante)
  • Moka Oro (Linea Diamante)
  • Espresso Decaffeinato (Linea Diamante)
  • Classico filter (Linea Tradizionale)
  • Espresso 18x7 gr. pods
  • Rainforest 18x7 gr. pods
  • Decaffe 18x7 gr. pods
  • Capsules Compostable 100% Arabica - compatibile with Nespresso®
  • Capsules Compostable Cremoso - compatibile with Nespresso®
  • Gentile stomach friendly (Linea Benessere)
  • Verde body friendly (Linea Benessere)
  • Espresso 18 capsuler
  • Decaffeinato 18 capsuler
  • Cioccobon црно топло чоколадо
  • Cioccobon бело топло чоколадо
  • Bio 100% Organic coffee
  • Capsule Compostable Bio Organic - compatibile with Nespresso®

Традиција на „Bristot“

Култура и уметност на кафето

Секоја шоља кафе може да раскаже приказна. Интригантна приказна која започнува со одгледувањето и берењето на зрната кафе од различни краеви на светот. Од овие краишта кафето патува за да процесот продолжи во фабриката во Италија каде се врши селектирањето, печењето и мелењето. Овие процедури се резултат на традицијата која се пренесува од генерација на генерација и која допринесува да се создаде еден вистински култ на кафе.

Едноставно, еспресото е кафе кое е направено само за Вас, брзо и индивидуално. Овој метод е направен за да се отстрани главниот недостаток на другите методи: бавноста, од која произлегува губењето на аромата.

Еспресото е извонреден пијалок, креиран од низа хемиски и физички процеси (забрзување на водата низ доза кафе под дејство на притисок) со ароматичен и нежен вкус. Ароматичен заради емулзијата добиена од притисокот и од масленоста кое кафето го содржи, во допир со топла вода ослободува арома која веднаш сака да исчезне но неможе бидејќи е заробена од кремата. Нежно поради шеќерот, протеините и маслото што го содржи кафето.