Суштината на „Bristot“

Филозофијата на Bristot е основа на се што правиме уште од 1919 година кога Доменико Бристот, основачот на фабриката за печење кафе живееше за остварување на неговиот сон – создавање на кафе со врвен квалитет и бренд кој ќе создаде совршено италијанско еспресо. Благодарение на оваа филозофија, вредностите на квалитет и совршеноста станаа синоним за нашиот бренд.

Денес, со сето тоа искуство и страст им нудиме на нашите клиенти можност да уживаат во секојдневниот момент на луксуз: прекрасно еспресо со супериорен квалитет.

Кои сме ние

Кафе Bristot е водечки бренд на Procaffe S.p.A, компанија која одигра огромна улога во развојот на италјанското печено кафе во почетокот на минатиот век.

Седиштето е во Белуно во подножјето на Доломитите, уште од самиот почеток во 1919 година и во текот на годините е една од водечките фирми во производството на кафе.

Историјата, создадена од традицијата и креативноста се симбол за квалитет, Bristot е синоним за модерноста, врвниот квалитет и страст во целиот свет

Мисија и визија

“Фокусирани на квалитет и услуга за постојан раст”

Правиме се за да бидеме во фокусот на клиентот со нашето врвно еспресо и нашите производи да бидат достапни за секој клиент по одлична цена. Правиме исклучителни напори нашата услуга да има постојано подобрување.

Филозофија

Нашата цел е да се направи нашиот бренд да биде препознатлив со нудење на совршено квалитетни производи и обраќање големо внимание на разновидните потреби на космополитскиот потрошувач.

Интегритетот, чесноста и транспарентноста се наоѓаат во срцето на нашиот бизнис, тие се вредности кои овозможија да се остварат соништата на нашите потрошувачи.

Експертите на Bristot ги селектираат исклучиво најдобрите зрна кафе за да се понуди вистинско италијанско еспресо со неверојатен квалитет, совршено за различни вкусови и потреби. Дозволете аромата и вкусот да Ве пренесат во еден волшебен свет.

Tradition & Innovation

Историјата и традицијата ги формира основите на нашиот бренд, како и за други големи луѓе од различни професии така е и во случајот со Доменико Бристот, основачот на компанијата која го носи неговото име до денешен ден, открива дека напорната работа, вештина, среќа и здрава доза на интуиција биле многу важни за тајната на успехот.

На многу рана возраст Доменико се преселил во Виена, во тоа време еден од главните градови и центар за собирање на филозофи, писатели, научници и претприемачи каде се склопувале голем број пријателства. Особено значајно за иднината на младиот Доменико е токму неговото пријателство со личност кој одлично ја познавал постапката на печење кафе, а истовремено го вовел и запознал во фасцинантниот свет на кафе.

По враќањето во Италија во 1919 година, Доменико одлучил да отвори фабрика за печење на кафе каде што можел да ги стави во пракса сите иновации во печењето и комбинирањето на зрната кафе што претходно ги научил. По многу учење и експериментирање тој конечно го открил тоа што отсекогаш го барал: кафе со интезивен и пријатен мирис и сладок овошен вкус – нешто значително различно од сите други кафиња во тоа време.

Во тоа е тајната на Bristot: методот на печење на зрната кафе. Уникатниот метод на печење, прецизното истражување на потеклото, умешноста во комбинирањето на зрната кафе и страста за совршеност се неопходни фактори за добивање на навистина еден вид уникатно и совршено еспресо.

Денес, експертите на Bristot со исто ниво на страст ги потикнуваат да ги извршат сите процеси за совршеност и квалитет со постојано иновирање на производството за да се гарантира континуитет помеѓу минатото и иднината.