@Home

Bristot нуди низа на внимателно одбрани кафиња со цел да ги задоволи сите вкусови и методи на екстракција. Дозволете си луксузен момент во вашиот дом или канцеларија - со кафе достојно за вистинските познавачи и љубители!

Espresso
(Linea Diamante)

250 гр. мелено
90% арабика и 10% робуста
390,00 ден.

Високо-квалитетно кафе за вистински љубители на еспресо. Мирисите на најквалитетната бразилска арабика од Alta Mogiana и индиската арабика се нагласени поради спориот метод на печење на зрната. Допирот со 10% индиска робуста, од регионот Parchment, му дава на кафето ароматични ноти и го прави совршено

Arabica 100%
(Linea Diamante)

250 гр. мелено
100% Arabica
420,00 ден.

Кафе со супериорен квалитет за подготовка на еспресо, филтер кафе и French press. Потеклото на зрната е од Бразил Alta Mogiana, Гватемала Huehuetenango, Колумбија Huila, збогатени со индиска арабика. Резултатот на ова кафе е исклучително богат со вкус на цитрон, овошни нијанси и чоколаден after-taste.

Moka Oro
(Linea Diamante)

250 гр. мелено
100% арабика
420,00 ден.

Добро избалансиран бленд за подготовка на еспресо, филтер кафе и French press. Се состои од бразилска арабика Santos Cerrado, збогатена со индиска арабика и со многу мал процент на најквалитетна индиска робуста од регионот Parchment. Овие состојки овозможуваат кафето да има интезивен и сладок вкус, со присуство на ноти на темно чоколадо.

Espresso Decaffeinato
(Linea Diamante)

250 гр. мелено
Безкофеинско кафе
420,00 ден.

Овој бленд се состои од безкофеинска арабика и безкофеинска робуста, што овозможува кафето да има префинет вкус. Бидејќи содржи помалку од 0,10% кофеин, погодно е за употреба во било кој дел од денот. Од овој бленд може да се подготви еспресо, филтер кафе и French press.

Classico филтер кафе
(Linea Tradizionale)

250 гр. мелено
230,00 ден.

Ароматично филтер кафе создадено од најквалитетна арабика и робуста, кое се одликува со умерена киселост и чоколаден after-taste.

Rainforest Grand Cru 100% Arabica

250 гр. мелено
100% Arabica
490,00 ден.

Потекло: Rainforest Alliance Certified™Plantations. 100% Arabica Rainforest e совршена рамнотежа на природата. Зрната на кафе потекнуваат исклучиво од плантажите во Јужна и Средна Америка кои поседуваат Сертификат од Rainforest Alliance. Rainforest Alliance е глобална непрофитабилна организација чија основна цел е почитување на правата на работниците и заштита на природните ресурси на планетата Земја. Bristot Rainforest 100% Arabica е луксузно високо-квалитетно кафе, со пријатна и прекрасна арома, со овошен вкус и чоколаден after-taste.

Espresso 18x7 гр. патрони

18x7 гр. - пакување од 18 патрони
Еспресо кафе
420,00 ден.

Бленд кој се состои од 80% најквалитетна арабика со потекло од Бразил (Alta Mogiana) и Централна Америка и 20% најквалитетна Индиска робуста кои Ви овозможуваат да добиете високо-квалитетно кафе со интезивна арома. Беспрекорниот квалитет нема да Ве остави рамнодушни, а со чоколадниот after-taste ќе добиете уникатно искуство. Патронот е компатабилен на сите кафемати кои подржуваат ESE систем и POD еспресо кафемати.

Decaffe 18x7 гр. патрони

18x7 гр. 18 патрони
Безкофеинско кафе
450,00 ден.

Бленд кој се состои од 80% најквалитетна арабика со потекло од Бразил и Ценрална Америка и 20% најквалитетна Индиска робуста, комбинација која Ви овозможува да добиете високо-квалитетно кафе без кофеин. Овој бленд е создаден за употреба во било кој дел од денот. Патронот е компатабилен на сите кафемати кои подржуваат ESE систем и POD еспресо кафемати.

Capsules Compostable 100% Arabica - compatibile with Nespresso®

10 капсули
100% Arabica
240,00 ден.

Капсули компатибилни на Nespresso®. Пакување од 10 капсули компатабилни на Nespresso кафемати, Арабиката од Бразил Alta Mogiana, Колумбија Supremo Huila, Гватемала Huehuetenango, комбинирана со арабика од Етиопија Sidamo го прават овој бленд уникатен и беспрекорен, со изразена арома и долготраен after-taste на чоколадо и цитрон.
Капсулите се изработени со најновата “New diamond cutting” технологија за добивање на прецизна и совршена екстракција во секое време.

Capsules Compostable Cremoso - compatibile with Nespresso®

10 капсули
240,00 ден.

Италијанскиот метод на печење и финото мелење ги даваат основните карактеристики на овој бленд. Колумбиската арабика од Supremo, арабика од Мексико и бразилската арабика од Alta Mogiana во допир со индиската арабика од Parchment создаваат совршено еспресо со назнака на свежо печен леб, житарици и атрактивни ноти на темно чоколадо.
Капсулите се изработени со најновата “New diamond cutting” технологија за добивање на прецизна и совршена екстракција во секое време.

Gentile stomach friendly
(Linea Benessere)

250 гр. мелено
600,00 ден.

Нашата благосостојба, хармонија како и емоционална, ментална и физичка состојба зависи од тоа што конзумираме. Ова е причината зошто Bristot создаде нова линија на кафе за одржување на Вашата благосостојба, така што ќе можете да ја задржите Вашата форма без да се откажете од задоволството наречено кафе. Составот е 50% исклучиво зелено кафе и 50% печено кафе, идеално за подготовка на кафе со префинет вкус. Со процесот на деваксикација се отстрануваат оние честички од кафето кои делуваат иритирачки кај некои луѓе. Овој бленд не содржи вештачки ароми и е со ниска количина на кофеин (0,7%).

Verde body friendly
(Linea Benessere)

250 гр. мелено
600,00 ден.

Нашата благосостојба, хармонија како и емоционална, ментална и физичка состојба зависи од тоа што конзумираме. Ова е причината зошто Bristot создаде нова линија на кафе за одржување на Вашата благосостојба, така што ќе можете да ја задржите Вашата форма без да се откажете од задоволството наречено кафе. Составот е 50% исклучиво зелено кафе и 50% печено кафе, идеално за подготовка на кафе со префинет вкус. Со процесот на деваксикација се отстрануваат оние честички од кафето кои делуваат иритирачки кај некои луѓе. Овој бленд не содржи вештачки ароми и е со ниска количина на кофеин (0,7%).

Espresso 18 капсули

Пакување од 18 капсули
Еспресо кафе
540,00 ден.

80% арабика(Alta Mogiana од Бразил и од Централна Америка), 20% робуста. Bristot Ви овозможува да користите најквалитетно еспресо, дома и во канцеларија. Кафето е ароматично, со дебела и долготрајна крема, која може да Ви ја понудат само оние кафе-барови кои користат најквалитетно кафе. Кафето е сместено во срцето на капсулата, спакувано во заштитна атмосфера која ги чува сите ароми и вкусови. Ова е гаранција за добивање на совршено еспресо во било кој дел од денот. Капсулите се компатабилни за употреба скоро на сите популарни кафемати на капсули.

Decaffeinato 18 капсули

пакување од 18 капсули
Безкофеинско кафе
580,00 ден.

80% арабика (Alta Mogiana од Бразил), 20% робуста. Bristot Ви овозможува да користите најквалитетно безкофеинско еспресо, дома и во канцеларија. Кафето е ароматично, со дебела и долготрајна крема, која може да Ви ја понудат само оние кафе-барови кои користат најквалитетно кафе. Кафето е сместено во срцето на капсулата, спакувано во заштитна атмосфера, која ги чува сите ароми и вкусови. Ова е гаранција за добивање на совршено безкофеинско еспресо во било кој дел од денот. Капсулите се компатабилни за употреба скоро на сите популарни кафемати на капсули.

Cioccobon црно топло чоколадо

1000 гр.
Црно топло чоколадо
820,00 ден.

Bristot Cioccobon црно топло чоколадо претставува спој на најдобрите какао зрна кои се користат за да му се даде на ова чоколадо уникатен и суптилен вкус со интензивна арома. Производот не содржи ГМО и не се добива од сировини кои содржат или потекнуваат од ГМО.

Подготовка: Во мал сад за варење додадете 25 гр. од чоколадниот прав и додајте 100-120 мл. млеко. Мешајте за да се изедначи смесата. Потоа на тивок оган мешајте се додека не се добие посакуваната густина.

Состав: шеќер, пченкарно брашно, какао во прав, арома, сол. Може да содржи траги од глутен.

Cioccobon бело топло чоколадо

1000 гр.
Бело топло чоколадо
820,00 ден.

Bristot Cioccobon бело топло чоколадо претставува спој на најдобрите какао зрна кои се користат со цел да му дадат на ова чоколадо уникатен и суптилен вкус со интензивна арома. Производот не содржи ГМО и не се добива од сировини кои содржат или потекнуваат од ГМО.

Подготовка: Во мал сад за варење додадете 25 гр. од чоколадниот прав и додајте 100-120 мл. млеко. Мешајте за да се изедначи смесата. Потоа на тивок оган мешајте се додека не се добие посакуваната густина.

Состав: шеќер, пченкарно брашно, какао путер во прав, обeзмастено млеко во прав, згуснувач Е412, стабилизатор Е450 антиоксиданси Е304, Е307, ароми, ванила, сол. Содржи млеко; може да содржи трагови на глутен.

Bio 100% Organic coffee
(зрно/мелено)

200 гр.
100% Органско кафе
420,00 ден.

Bristot Bio е 100% органско кафе наменето за оние потрошувачи кои избираат здрав и природен начин на живот. Органското одгледување му гарантира на потрошувачот високо квалитетен производ кој произлегува од неговите исклучителни органолептички својства. Оваа природна еволуција која се одвива во сенката на бујната шума е идеално живеалиште на растенијата, а растителниот свет го прави овој витален придонес со цел да го одржи во живот еко-системот. Органскиот сертификат на Bristot Bio 100% Organic coffee гарантира дека кафето се одгледува без употреба на хемиски ѓубрива или пестициди со цел да се спречи загадувањето на почвата, водата и воздухот. Bristot Bio е уникатно и 100% органско кафе печено и ладено на чист Доломитски воздух во подножјето на Доломитските Алпи, кое УНЕСКО го има прогласено како регион со беспрекорна заштитена животна средина, скоро иста како Национален Парк. Оваа средина е уникатна на средината на caffe Bristot кое е формирано во 1919 година, во Белуно, во подножјето на Доломитските Алпи. Органскиот сертификат е гаранција на квалитет на потрошувачите. Нашето кафе потекнува исклучиво од контролирани и сертифицирани планатажи. Новото хартиено пакување на Bristot Bio 100% Organic coffee е специјално дизајнирано за да ја одржи интезивната овошна арома на блендот од Централна Америка, а совршеното пакување кореспондира со боите и мирисите на земјата.

Capsule Compostable Bio Organic - compatibile with Nespresso®

10 капсули
100% Органско кафе
240,00 ден.

Капсули компатибилни на Nespresso®. Пакување од 10 капсули компатабилни на Nespresso кафемати. Bristot Bio е 100% органско кафе наменето за оние потрошувачи кои избираат здрав и природен начин на живот. Органското одгледување му гарантира на потрошувачот високо квалитетен производ кој произлегува од неговите исклучителни органолептички својства. Оваа природна еволуција која се одвива во сенката на бујната шума е идеално живеалиште на растенијата, а растителниот свет го прави овој витален придонес со цел да го одржи во живот еко-системот. Органскиот сертификат на Bristot Bio 100% Organic coffee гарантира дека кафето се одгледува без употреба на хемиски ѓубрива или пестициди со цел да се спречи загадувањето на почвата, водата и воздухот. Bristot Bio е уникатно и 100% органско кафе печено и ладено на чист Доломитски воздух во подножјето на Доломитските Алпи, кое УНЕСКО го има прогласено како регион со беспрекорна заштитена животна средина, скоро иста како Национален Парк. Оваа средина е уникатна на средината на caffe Bristot кое е формирано во 1919 година, во Белуно, во подножјето на Доломитските Алпи. Органскиот сертификат е гаранција на квалитет на потрошувачите. Нашето кафе потекнува исклучиво од контролирани и сертифицирани планатажи. Новото хартиено пакување на Bristot Bio 100% Organic coffee е специјално дизајнирано за да ја одржи интезивната овошна арома на блендот од Централна Америка, а совршеното пакување кореспондира со боите и мирисите на земјата.

Капсулите се изработени со најновата “New diamond cutting” технологија за добивање на прецизна и совршена екстракција во секое време.