@Café

Bristot одбира зрна исклучиво од најдобрите плантажи за кафе, со цел да им го овозможи на конзументите незаборавното искуство на вистинското италијанско еспресо - совршено за сечиј вкус. Дозволете да бидете обземени од аромите при секоја голтка кафе!

Bristot Sublime 100% Arabica

1000 гр.
100% Arabica

Bristot Sublime 100% Arabica е еспресо кафе со супериорен квалитет, со арома на какао и тутун и чоколаден after-taste.
Потеклото на зрната: Карибите, Централна Америка и Бразил.

Tiziano 1919 Riserva
Domenico Bristot

2 кг. во зрна
Riserva Domenico

Совршеноста на ова кафе зависи од потеклото на билката. Квалитетот и биолошкиот состав на зеленото зрно се под влијание на многу фактори: надморска висина, клима, плодност на почва како и методи на берење и начин на одгледување на зрното. Како резултат на тоа, одбрани се исклучиво најквалитетните зрна од различно потекло за да се добие престижен совршен спој за првпат создаден од големиот Domenico Bristot. Bristot Tiziano 1919 Riserva е луксузно ексклузивно кафе, се одликува со иновативен метод на пакување кој придонесува за целокупна совршеност и со ограничено производство. Веднаш по процесот на печење се започнува пакувањето на кафето во лименка од 2 кг. во заштитна атмосфера. Овој процес овозможува кафето да созрева во модифицирана атмосфера во која аромата постојано се развива и подобрува. Како маслото станува побогато и аромата се подобрува така овие карактеристики подоцна се пресликуваат во шољата со кафе. Резултатот е богато и избалансирано еспресо со полно тело, одлична киселост и ноти на темно какaо и цитрон.

Buongusto

1000 гр.
70% арабика, 30% робуста

Најквалитетна арабика со избрана најквалитетна робуста му дава на овој бленд богато и полно тело со интезивна арома. Бленд составен од бразилската арабика NY2 Fancy со сладок и нежен вкус соединета со натурална робуста од Африка, Виетнам и Индија, која дава кафеава крема и богато и полно тело.

Cioccobon црно топло чоколадо

1000 гр.
Црно топло чоколадо
820,00 ден.

Bristot Cioccobon црно топло чоколадо претставува спој на најдобрите какао зрна кои се користат за да му се даде на ова чоколадо уникатен и суптилен вкус со интензивна арома. Производот не содржи ГМО и не се добива од сировини кои содржат или потекнуваат од ГМО.

Подготовка: Во мал сад за варење додадете 25 гр. од чоколадниот прав и додајте 100-120 мл. млеко. Мешајте за да се изедначи смесата. Потоа на тивок оган мешајте се додека не се добие посакуваната густина.

Состав: шеќер, пченкарно брашно, какао во прав, арома, сол. Може да содржи траги од глутен.

Cioccobon бело топло чоколадо

1000 гр.
Бело топло чоколадо
820,00 ден.

Bristot Cioccobon бело топло чоколадо претставува спој на најдобрите какао зрна кои се користат со цел да му дадат на ова чоколадо уникатен и суптилен вкус со интензивна арома. Производот не содржи ГМО и не се добива од сировини кои содржат или потекнуваат од ГМО.

Подготовка: Во мал сад за варење додадете 25 гр. од чоколадниот прав и додајте 100-120 мл. млеко. Мешајте за да се изедначи смесата. Потоа на тивок оган мешајте се додека не се добие посакуваната густина.

Состав: шеќер, пченкарно брашно, какао путер во прав, обeзмастено млеко во прав, згуснувач Е412, стабилизатор Е450 антиоксиданси Е304, Е307, ароми, ванила, сол. Содржи млеко; може да содржи трагови на глутен.

Bio 100% Organic coffee

1000 гр.
100% органско кафе

Bristot Bio е 100% органско кафе наменето за оние потрошувачи кои избираат здрав и природен начин на живот. Органското одгледување му гарантира на потрошувачот високо квалитетен производ кој произлегува од неговите исклучителни органолептички својства. Оваа природна еволуција која се одвива во сенката на бујната шума е идеално живеалиште на растенијата, а растителниот свет го прави овој витален придонес со цел да го одржи во живот еко-системот. Органскиот сертификат на Bristot Bio 100% Organic coffee гарантира дека кафето се одгледува без употреба на хемиски ѓубрива или пестициди со цел да се спречи загадувањето на почвата, водата и воздухот. Bristot Bio е уникатно и 100% органско кафе печено и ладено на чист Доломитски воздух во подножјето на Доломитските Алпи, кое УНЕСКО го има прогласено како регион со беспрекорна заштитена животна средина, скоро иста како Национален Парк. Оваа средина е уникатна на средината на caffe Bristot кое е формирано во 1919 година, во Белуно, во подножјето на Доломитските Алпи. Органскиот сертификат е гаранција на квалитет на потрошувачите. Нашето кафе потекнува исклучиво од контролирани и сертифицирани планатажи. Новото хартиено пакување на Bristot Bio 100% Organic coffee е специјално дизајнирано за да ја одржи интезивната овошна арома на блендот од Централна Америка, а совршеното пакување кореспондира со боите и мирисите на земјата.

Bristot Rainforest 100% Arabica

1000 гр.
100% Arabica

Bristot Rainforest 100% Arabica е луксузно високо-квалитетно кафе со богато и полно тело со неодолива арома на свежо цвеќе, цитрон и траги на ванила. Вистинско италијанско еспресо со овошен вкус и чоколаден after-taste.
Потекло: Rainforest Alliance Certified™Plantations.
100% Arabica Rainforest e совршена рамнотежа на природата. Зрната на кафе потекнуваат исклучиво од плантажите во Јужна и Средна Америка кои поседуваат Сертификат од Rainforest Alliance. Rainforest Alliance е глобална непрофитабилна организација чија основна цел е почитување на правата на работниците и заштита на природните ресурси на планетата Земја.

Bristot Speciale

1000 гр.
75% арабика, 25% робуста

Со својот интезивен вкус и крема Speciale претставува пријатна рамнотежа на бразилската арабика од областа Gerrado соединета со најквалитетните арабики од Централна Америка кои му даваат на овој бленд ноти на цитрон со изразен чоколаден after-taste и траги на печен леб. Истовремено, бразилската арабика NY2 Fancy на Speciale му дава сладок и нежен вкус.

Потврда за врвниот квалитет на овој бленд претставува фактот што арабиките од Централна Америка потекнуваат од најквалитетните плантажи кои се наоѓаат на надморска висина над 1.500 метри, а селектираната првокласна робуста е со потекло од Африка, Виетнам и Индија.

Santo Domingo

225 гр. во зрна
100% Arabica
430,00 ден.

Barahona е област во Доминиканската Република каде топлата клима и влијанието на океанот е уникатно за разлика од другите региони во Централна Америка. Сето ова придонесува регионот Barahona АА да е еден од најдобрите региони за одгледување на кафе. Ова кафе има посебен вкус благодарение на варовникот и гранитот од кои е изградено тлото во овој регион. Тоа е кремасто кафе со полно тело, со арома на какао и тутун надополнети со ноти на ореви и бадеми.

Brasil

225 гр. во зрна
100% Arabica
430,00 ден.

Alta Mogiana е една од најпознатите региони во светот каде се одгледува кафе со највисок можен квалитет, препознатливо по уникатниот сладок вкус и неверојатно добро избалансирана киселост. Тоа е кафе со извонредно тело со ноти на лешник и чоколадо надополнето со умерена добро избалансирана киселост.

India

225 гр. во зрна
100% Arabica
430,00 ден.

Mysore е една од избраните плантажи на Grand Cru поради неверојатните нијанси на разновидност на мирис и вкус како и супериорниот квалитет на зрната кафе. Плантажата се наоѓа во областа South-West Karnataka во Индија на надморска висина од 1200 – 1300 метри и истата е со најголема надморска висина во Индија. Овој бленд дава индиски шарм на кафето со нагласена слаткост и вкус на чоколадо.

Ethiopia

225 гр. во зрна
100% Arabica
430,00 ден.

Sidamo е регион во Етиопија кој се наоѓа на 1900 метри надморска висина опкружен со савани и езера. Бидејќи лежи на богато вулканско тло овој регион е идеален за одгледување на најквалитетна арабика која рачно се бере и се обработува на традиционален начин. Тоа е кафе со богато тело, со интезивен мирис на цвеќе и овошје, пред се мирис на јасмин, лимун и бергамот.

Rainforest Grand Cru 100% Arabica

250 гр. мелено
100% Arabica
490,00 ден.

Потекло: Rainforest Alliance Certified™Plantations. 100% Arabica Rainforest e совршена рамнотежа на природата. Зрната на кафе потекнуваат исклучиво од плантажите во Јужна и Средна Америка кои поседуваат Сертификат од Rainforest Alliance. Rainforest Alliance е глобална непрофитабилна организација чија основна цел е почитување на правата на работниците и заштита на природните ресурси на планетата Земја. Bristot Rainforest 100% Arabica е луксузно високо-квалитетно кафе, со пријатна и прекрасна арома, со овошен вкус и чоколаден after-taste.

Indonesia

225 гр. во зрна
100% Arabica
500,00 ден.

Toraja е најпознатиот регион во Индонезија за одгледување на кафе. Овој регион се наоѓа на островот Sulawesi, каде препознатливиот вулкански терен и совршената надморска висина (1300 - 1500m) создаваат идеални услови за одгледување на една од најквалитетните арабики препознатлива во целиот свет.
Пренесено во шољата за кафе оваа арабика има нагласени слатки тонови со нијанси на свеж тутун и кедрово дрво.