Познавњето на суштината на кафето, совршеноста
како и уметноста во комбинирање и печење, претставува
наша култура уште од 1919 година.

Нашето
кафе

Подарок за вашите сетила

Еспресото е смеса од различни типови на кафе. Италијанското еспресо по дефиниција и традиција се добива со вешт спој од кафе зрна со различно потекло, неопходни за постигнување на богат карактеристичен мирис и нежна конзистентност.

Совршеното еспресо е празник за очите, со крема во боја на лешник до темно-кафена со црвеникави нијанси. Неговата интезивна арома претставува спектар од различни ноти на мирис на цвеќе, овошје, печен леб и чоколадо, со нежен вкус и точно избалансирани киселкасти ноти, а горката линија треба да биде целосно елиминирана. Во совршеното еспресо секогаш се присутни сите четири перцепции: изглед, мирис, вкус и допир. Еспресото е подарок за сите сетила.

Кафе Bristot и Rainforest

Kafe Bristot отсекогаш се грижел за своите социјални и еколошки обврски. Еко-одржливите производи денес се задолжителни. Во партнерство со Rainforest Alliance денес имаме нов високо квалитетен производ каде зрната кафе потекнуваат исклучиво од фармите на кафе кои поседуваат сертификат од Rainforest Alliance.

Rainforest Alliance е глобална непрофитабилна организација чија дејност е зачувување на природните ресурси на планетата како и почитување на правата на работниците.

Ново иновативно пакување

Благодарение на постојаното континуирано истражување успешно е направено ново иновативно и револуционерно пакување. Ексклузивните блендови сега доаѓаат во нови иновативни пакувања со one-way вентили наместо досегашните вакуумирани пакувања. Ваквото пакување гарантира свежина на кафето во тек на 24 месеци, а исто така овозможува кафето да созрева во модифицирана атмосфера во која аромата постојано се развива, исто како виното во буре.

Уметноста на кафето

Секоја шоља кафе може да раскаже приказна. Интригантна приказна која започнува со одгледувањето и берењето на зрната кафе од различни краеви на светот. Од овие краишта кафето патува за да процесот продолжи во фабриката во Италија каде се врши селектирањето, печењето и мелењето. Овие процедури се резултат на традицијата која се пренесува од генерација на генерација и која допринесува да се создаде еден вистински култ на кафе.

Едноставно, еспресото е кафе кое е направено само за Вас, брзо и индивидуално. Овој метод е направен за да се отстрани главниот недостаток на другите методи: бавноста, од која произлегува губењето на аромата. Еспресото е извонреден пијалок, креиран од низа хемиски и физички процеси (забрзување на водата низ доза кафе под дејство на притисок) со ароматичен и нежен вкус. Ароматичен заради емулзијата добиена од притисокот и од масленоста кое кафето го содржи, во допир со топла вода ослободува арома која веднаш сака да исчезне но неможе бидејќи е заробена од кремата. Нежно поради шеќерот, протеините и маслото што го содржи кафето.